Триесет идвегодишниот уругвајски фудбалер Матијас Александер Масиел Акуња беше пронајден мртов во хотелска соба во еквадорскиот град Амбато каде што се подготвуваше неговиот тим.
Еквадорските и уругвајските медиуми јавуваат дека Акуња наводно извршил самоубиство со бесење во хотелска соба. Персоналот на хотелот го забележал и повикал брза помош. За жал, немало начин фудбалерот да биде спасен.
Поранешната партнерка кон крајот на минатата година го пријавила за насилство, поради што добил електронска нараквица на глуждот. Уругвајскиот напаѓач ги отфрли сите обвинувања.
„Никогаш не сум малтретирал никого, па имам две ќерки. Смирен сум, опкружен со моите луѓе, кои ме познаваат и знаат што сум. Судијата ми објасни дека нараквицата ја добив од претпазливост, не затоа што сум виновен. Другата страна не можеше да прифати дека не сакам повеќе да бидам со неа. Тоа ме растажува, бидејќи има жени кои навистина страдаат од родово насилство“, рекол Акуња во разговор со новинарите само неколку часа пред неговата смрт.
Во текот на кариерата, Уругваецот мина и две сезони во Грција, од јануари 2021 до февруари 2022 година настапуваше за АЕЛ Лариса, додека летото 2023 година потпиша за Ламија. Во текот на кариерата играше и за Ливерпул Монтевидео, Монтевидео Вондерерс, Рентистас…