Законот на легализација на одгледувањето марихуана во Уругвај доби зелено светло и од претседателот.
Портпаролот на уругвајскиот претседател соопшти дека Хозе Мухика го потпишал законот за создавање на регулиран пазар на марихуана во Уругвај.
Претседателскиот секретар Диего Каепа истакна дека Мухика го потпишал законот во понеделникот вечерта, што е последниот чекор пред тој да стапи во сила.
Службениците треба до деветти април да напишат одредби за регулирање на сите аспекти од пазарот на марихуана, од нејзино одгледување до продажба во аптеките. Властите очекуваат целиот систем да биде спроведен до средината на идната година.
Уругвајците ќе имаат право да одгледуваат марихуана во својот дом, до шест стебла на едно семејство и годишно да одгледуваат до 480 грама. Тие ќе можат, исто така, да набават марихуана во аптека, но не повеќе од 40 грама месечно.