УС Опен: Гоф ја запре повратничката Вознијацки

Американската тинејџерка Корин Коко Гоф, шеста на ВТА листата, втора година по ред се пласираше во четвртфиналето на УС Опен, победувајќи ја во осминафиналето 33-годишната повратничка на големата сцена, Данката Каролин Вознијацки со 6-3, 3-6, 6-1 .

Тоа беше нивниот прв меѓусебен натпревар, во кој Вознијацки ѝ пружи добар отпор на шесторангираната светската тенисерка, која само еднаш го има минато четвртфиналето на Грен слем турнирите, минатата година на Ролан Гарос, кога во финалето загуби од Ига Швијатек.

Данката ѝ се закани на Американката добивајќи го вториот сет, но Гоф во третиот сет го одигра својот најдобар тенис во мечоти сосема заслужено стигна до најдобрите осум. А таму би можела да добие шанса да ѝ се оддолжи на светската тенисерка број еден и бранител на титулата од минатата година, Ига Швијатек, за поразот во Париз. Пред да дојде на УС Опен, Гоф успеа првпат да ја победи Полјачката на турнирот во Синсинати по седум последователни порази без освоен сет.

Позната е втората четвртфинална двојка во горниот дел од ждрепката, а ја сочинуваат Чехинката Каролина Мучова, десетта на ВТА, и Романката Сорана Цирстеа, триесетта во рангирањето на ВТА. Мучова стигна до своето прво четвртфинале во Њујорк победувајќи ја Кинеската Ванг Ксиња, (ВТА – 53.) со 6-3, 5-7, 6-1.

Сирстеа ја победи актуелната олимписка шампионка Швајцарката Белинда Бенчич (ВТА – 13.) со 6-3, 6-3 и се пласираше во своето второ четвртфинале на Грен слем турнирите. Во својот 15. обид на УС Опен, 33-годишната романска тенисерка првпат успеа да стигне до втората недела на турнирот, а од нејзиното прво четвртфинале, постигнато на црвената земјена подлога, поминаа повеќе од 14 години. Париз.