
Невработен маж го пронашол на улица уредот со 2,5 гигабајти нешифрирани податоци за безбедосниот систем на лондонскиот аеродром Хитроу, објавија во неделата весникот Sunday Mirror.
Веднаш по објавувањето на информацијата во весникот, властите на аеродромот Хитрои покренаа интерна истрага откако на тротоар на една улица во Лондон е пронајден УСБ уредот со доверливи безбедносни податоци, кој подоцна бил предаден на весникот.
На носачот на флеш меморија се наоѓале 76 фолдери коишто, меѓу другото, содржат мапи на движењето, снимки и документи вклучително и поединости од безбедносните мерки поради заштита на кралицата и други официјални лица при нивниот престој на аеродромот.
Овие податоци, како што потенира Sunday Mirror, не биле шифрирани. На стикот, исто така, биле содржани и други безбедносни рути, редови на летањето и типовите на идентификација потребни за пристап до безбедносните служби и други чувствителни податоци.
„Покренавме интерна истрага за да разбереме како се случило ова и да преземеме чекори за да спречиме слично повторување во иднина“, се наведува во сопштенеито коешто го објави аеродромот.