Уште 115 починати во Холандија од коронавирусот

Бројот на починати од новиот коронавирус во Холандија се зголеми за нови 115 лица, со што вкупно изнесува 1.766 смртни случаи во земјата, соопштија денеска холандските здравствени власти.

Инфекцијата е потврдена кај уште 1.224 луѓе и вкупно има 17.851 заразен со Ковид-19, соопшти Институтот за јавно здравство.