Уште 17 компании и институции го избраа РЕС за снабдувач со струја во април

Уште 17 компании и државни институции во текот на април го одбраа Renewable Energy Supply – РЕС, за свој снабдувач со електрична енергија. Оваа компанија во текот на минатиот месец даде најповолни понуди за снабдување на: УЈП, Државниот завод за статистика, Заводот за ревизија, Агенцијата за катастар, Општина Велес, како и на реномираните стопански субјекти ОКТА, Скопски Пазар, челичарница Железник и други компании.
Со ова, балансната група на РЕС достигна над 300 субјекти, со вкупна годишна потрошувачка од над 400 GWh електична енергија, што гарантира стабилно снабдување и сигурност за клиентите.
Ова ја потврдува водечката улога на РЕС како најдобар партнер на слободниот пазар, како при снабдувањето, така и при откупувањето на електричната енергија од производителите од обновливи извори.