Уште 200 милиони долари воена помош од САД за Киев, од Норвешка системи против дронови

Соединетите држави соопштија во понеделникот дека на Украина ќе ѝ испратат нов пакет воена помош во вредност од 200 милиони долари, а нова воена помош во вид на системи против беспилотни летала најави и Норвешка.

Американската помош вклучува муниција за противвоздушната одбрана, аритлериски проектили, противоклопни оружја и проектили, како и дополнителна опрема за чистење мини, наведе во писмена изјава државниот секретар Ентони Блинкен.

Според оцени на западните медиуми Украина има потребан од итни испораки на оружје коешто доаѓа од американските залихи во рок од неколку дена или седмици за да може да ја продолжи противофанзивата, за којашто признаваат дека слабо напредува поради низа фактори, во прв ред силната одбранбена линија којашто ја поставуле руските генерали со длабоки мински полиња и утврдувања .

Агенцијата Reuters наедува дека „сметководствените грешки одат во полза на Киев, бидејќи може да се испрати повќе опрема“. Се алудира на потврдата од јуни на Пентагон дека поради книговодствена грешка во пресметката на цената на оружјето и муницијата земени од магацините, а не за реални раходи и не за физички обем на помошта. Имено, во мај беше објавено дека висината на помошта била зголемена за три милијарди долари, но документите биле уште еднаш корегирани и се покажало дека разликата била двојно поголема.

Станува збор за последната во низата пратки американска воена помош во рамките на одобрените 25,5 милијарди долари кои може да се користат за испораки на оружје од залихите на САД доколку се неопходни.

Во Вашингтон во моментов работат на овозможување нова воена помош за Украина, додаваат американските функционери. Помошта од 200 милиони долари ќе биде првата транша од вкупно 6,2 милијарди долари кои претходно ги одобри американскиот претседател Џо Бајден.

Норвешката компанија од воено-индустрискиот сектор „Kongsberg Defence & Aerospace“ објави во понеделникот дека на Украина ќе ѝ испорача нови системи против беспилотни летала кои ги финансираат западните земји кои стојат зад Киев во војната со Русија.

Во објавата не е наведен точниот број на таквите системи, но се истакнува дека е потпишан договор во износ од 65 милиони евра со Меѓународниот фодн за Украина за испорака на „неколку ситеми Cortex Typhon C-UAS коишто комбинираат решенија за физичко уништување или за неутрализирање на дроновите“.

„Овој договор значително ќе ја зајакне сппособноста на украинските вооружени сили и ќе ја зајакне нивната способност да го заштитат населението и да ја бранат земјата од руските дронови“, се вели во писмената изјава на генералниот директор на норвешката компанија Еирик Лие.

Во рамките на споменатиот договор норвешката влада ќе испорача и оклопни возила „Dingo 2“, како и тешки митролези и минуција. И во врска со оваа нема прецизни податоци за колкави количества станува збор, како и за вредноста на испораките.