Уште 46 нови зарази со коронавирусот и 14 смртни исходи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во  последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на Covid19.

Вкупната бројка на ковид0дијагностицирани лица  од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.

По градови, новите коронаинфекции се потврдени се во Скопје – 19, Радовиш – 5, Прилеп и Кичево – по 4, Куманово – 3, Струмица, Битола и Гостивар – по 2, Неготино, Охрид, Струга, Гевгелија и Берово  – по 1.

Пријавени се вкупно 14 починати лица: осум лица од Скопје (56г,61г,69г,70г,71г,79г,79г и 85г), по две лица од Гостивар (62г и 70г) и Кичево (59г и 83г) и по едно лице од Куманово (84г) и Тетово (60г).

Од пријавените, шест лица  се починати  во домашни, а останатите осум во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на Covid-19.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68432, Активни 1025

Куманово 8809, Активни 235

Прилеп 8287, Активни 104

Тетово 7207, Активни 101

Битола 6288, Активни 179

Велес 5466, Активни 61

Гостивар 5166, Активни 41

Кавадарци 5151, Активни 30

Охрид 4995, Активни 181

Штип 4956, Активни 44

Струмица 4108, Активни 65

Струга 2980, Активни 66

Кочани 2785, Активни 40

Кичево 2554, Активни 75

Гевгелија 2190, Активни 24

Неготино 2184, Активни 20

Свети Николе 1522, Активни 32

Ресен 1234, Активни 33

Крива Паланка 1219, Активни 6

Радовиш 1155, Активни 58

Берово 1028, Активни 2

Делчево 971, Активни 24

Дебар 939, Активни 5

Виница 880, Активни 37

Пробиштип 789, Активни 8

Валандово 665, Активни 3

Богданци 494, Активни 3

Крушево 489, Активни 21

Демир Хисар 397, Активни 17

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 373, Активни 15

Македонски Брод 359, Активни 3

Пехчево 268, Активни 1

Македонска Каменица 249, Активни 12

Дојран 132, Активни 0