Во израелски воздушен напад врз автомобил во близина на Рафа во јужниот дел на Газа во неделата загинаа двајца палестински новинари кои ја вршеле својата работа, соопштија здравствените власти во Газа и синдикатот на новинарите во Газа.
Хамза ал-Дахдух и Мустафа Тураја биле слободни новинари. Ал-Дахдух работел хонораарно за Al Jazeera и е син на главниот дописник на споменатата катарска сателитска телевизија, Ваел Ал-Дахдух. Во истиот напад ранет е и слободиот новинар Хазем Раџаб.
Израелските одбранбени сили не одговорија веднаш на барањето на Reuters за коментар.
Војната меѓу Израел и Хамас, која започна на 7 октомври, беше смртоносна за новинарите. Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) објави дека до саботата биле убиени 77 новинари и медиумски работници – 70 Палестинци, четворица Израелци и тројца Либанци.
Канцеларијата за медиуми на владата во Газа предводена од Хамас објави дека со двата смртни случаи бројот на убиени новинари во израелската офанзива достигна 109.
На видеото објавено на канал на YouTube поврзан со Al Jazeera се гледа како Ваел Ал-Дахдух плаче покрај телото на својот син и го држи за раката. Подоцна, по погребот на неговиот син, тој порача дека новинарите во Газа ќе продолжат да ја вршат својата работа.
„Целиот свет мора да види што се случува овде“, рече тој.
Ваел Ал-Дахдух е особено познат на гледачите ширум Блискиот исток откако минатиот месец во текот на пренос во живо дозна дека неговата сопруга, друг син, ќерка и внук биле убиени во израелски воздушен напад.
Новинарот на Reuters, Исам Абдалах е меѓу новинарите кои загинаа известувајќи за конфликтот. Тој беше убиен на 13. октомври од израелска тенковска одред додека снимаше прекугранично гранатирање во Либан, според истрагата што ја спроведе агенцијата Reuters.