Уште два дена за поднесување на ДДВ- 04 пријави

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави, дека рокот за поднесување на истите истекува во среда, на 25 декември 2024 година. До денес, од вкупно 7.397 очекувани ДДВ 04 пријави, поднесени се само 1.831 пријава, што претставува само 24,75% од вкупниот број.
Остануваат уште 5.566 ДДВ- 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите два дена.
Според податоците, најголем процент на поднесени ДДВ- 04 пријави е забележан во РД Тетово, додека најмалиот процент се забележува во РД Битола.
Не го одложувајте процесот! Поднесете ги вашите ДДВ – 04 пријави на време и избегнете непотребен стрес или санкции. Покажете одговорност и усогласеност во вашето деловно работење и бидете пример за одговорни даночни обврзници.
Уште денес, поднесете ги сите потребни документи до вашите сметководители со цел навремено изготвување на ДДВ – 04 пријавите и доставување во рокот.