Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси продолжи да постигнува голови за својот нов клуб Интер Мајами, кој го победи Далас во осминафиналето на американскиот Лига куп со подоброто изведување на ударите од 11 метри.
Меси постигна два гола во регуларните 90 минути игра за израмнување на 4:4, а потоа реализираше удар од белата точка во пенал-рулетот за пласман во четвртфиналето.
Меси погоди за водство на Интер од 1:0 во 6. минута и за конечните 4?4 во 85. Во меѓувреме Далас поведе со 3:1 и 4:2 со головите на Кињон (37), Камунг (45), Веласко (63) и автоголот на Тејлор (68г), но Кремаски (65) го задржа Интер до крајот во игра. А потоа Фарфан (80) со автогол намали на 3:4, а пет минути подоцна Меси погоди за конечни 4?4.
Меси досега за Интер одигра четири натпревари и постигна седум погодоци.