0.8 C
Skopje
среда, февруари 26, 2025

Уште два светски рекорди на СП во пливање во мали базени во Мелбурн

Штафетата на 4х50 метри мешано на Соединетите Американски Држави стигна до златниот медал на Светското првенство во мали базени кое се одржува во австралискиот град Мелбурн.

Штафетата во состав Рајан Марфи, Ник Финк, Кејт Даглас и Тори Хаски делницата ја исплива со време од 1:35.15 минути што е нов светски рекорд.

Сребрениот медал и припадна на штафетата на Италија која постави но европски рекорд 1:36.01 минута, додека бронзата и припадна на канадската штафета.

Светски рекорд постави и женската штафета на Австралија на 4х200 метри слободно. Австралијките во состав: Медисон Вилсон, Моли Окалахан, Леа Нил и Лани Палистер делницата ја испливаа за време од 7:30.87 минути што е за неверојатни 1.98 стотинки подобро од досегашниот рекорд на Холандија од 2020 година. Среброто и припадна на штафетата на Канада, додека со бронза се закитија Американките.