Фирмите ќерки на кинеските фармацевтски корпорации на „Sinopharm“ и на „CanSino Biologics“ побарале одобрување за своите вакцини во Кина, а доколку ги одобри Пекинг ќе има четири вакцини против коронавирусот од домашно производство.
Иако кинеските регулаторни тела доправа треба да ги одобрат вакцините против Covid-19 на западните производители, дала одобрување за употреба на вакцините на домашните производители за избрани групи или за поширака јавност.
Филијалата на „Sinopharm“, компанијата „Wuhan Institute Of Biological Products“ објави во средата дека нивната вакцина е ефикасна 72,51 отсто против Covid-19, повикувајќи се на првата анализа на податоците од клиничките испитувања во подоцнежната фаза, но не се наведуваат повеќе поединости во интерес на деловната тајност.
Вакцината веќе ја примиле ограничени групи лица со поголем ризик од заразата во рамките на кризната програма за вакцинирање коешто е започната во јули. Тоа е еден од двата кандидати на „Sinopharm“ кој влегол во третата фаза од клиничките испитувања во странство.
Втората вакцина којашто ја произвела филијала на „Sinopharm“ со седиште во Пекинг, доби одобрување за употреба во декември, по неколкуте месеци итна употреба за здравствените работи и на државните службеници кои патуваат на работа во странство.
Во одделна пријава до регулаторите во средата, фирмата „CanSinoBIO“ објави дека првата анализа на податоците од клиничките испитувања од нивната вакцина во повеќе земји, познато како „Ad5-nCoV“, покажало ефикасност од 68,83 отсто во превенцијата на симптомот на болеста и 95,47 отсто во превенцијата на тешките фори на болеста 14 дена по вакцинирањето. Стапката на ефикасноста паѓа на 65,28 отсто во превенцијата на симптоматските случаи и на 90,07 отсто во превенцијата на тешките форми на Covid-19 28 денови по примањето вакцината.
Прапаратот „Ad5-nCoV“, кој се дава во една доза, доби веќе одобрување за итна употреба во Пакистан и во Мексико, а минатата 2020 година беше одобрен за примена врз кинескиот воен персонал.
Кина ја одобри вакцината на компанијата „Sinovac Biotech“ претходно во февраури којашто веќе се користи за асовна имунизација во Индонезија, Турција и Бразил.
Сите четири кинески вакцини, како и руските и онаа на „AstraZeneca“, може да се складираат на нормални температури во обичните ладилници, што ги чини многу поповолна опција за многу земји, особено за оние во развој, бидејќи вакцините на американските „Pfizer/BioNTech“ и „Moderna“ за чие складирење се неопходни температури од минус 70 до 80 Целзиусови, односно многу комплицирана и скапа инфраструктура за транспорт и складирање.
Кина ги извезува своите вакцини во 27 земји во светот и осигурува бесплатни дози за 53 земји, соопшти во вторникот кинеското министерство за надворешни работи.