Уште еден градоначалник во Албанија пред кривична одговорност

Обвинителството во Тирана почна кривична постапка против Валдрин Пјетари, избран за градоначалник на Скадар на локаланите избори од 30 јуни, под обвинение за фалсификување на образецот за декриминализација.

Нему му се заканува казна затвор до три години и забрана за извршува јавни функции одреден временски период.

Во истрагата е потврдено дека по неговото апсење во Италија тој дал лажен идентитет, намерно менувајќи ја последната буква од иметот (Валдрим). Ова ја отежнало идентификацијата, се додека не се извршила обработка на отпечатоците од прстите.

Пјетри бил уапсен во Фиренца, Италија на 27 јануари 2003 година, по што бил осуден на 18 месеци затвор и парична казна од 1.000 евра за кривично дело „дистрибуција, производство и трговија со наркотици и други психотропни супстанци“ извршени во соработка. Поради признавањето на вината судот донесол одлука за поништување на казната и донесол нова одлука за негова депортација.

Веднаш по обвинувањата на опозицијата и започнувањето на постапката од страна на Обинителството, Пјетри се откажа од градоначалничката фотелја на која официјално не ни седна. Тој образложи дека сака да ја докаже својата невиност како обичен граѓанин.

За криминално досие опозицијата обвини уште двајца градоначалници.

Според опозицијата градоначалникот на Вау те Дејес, Марк Бабани, во периодот 2002/2003 бил уапсен и осуден во Северна Македонија, додека претходно во периодот 1994-1999 година бил осуден во Италија и протеран и оти користел три различни идентитети. За него се чека потврда од властите на споменатите земји.

За градоначалникот на Вора, Агим Кајмаку албанското Обвинителство во соработка со грчките власти веќе потврди дека тој го фалсификувал образецот за декриминализација, прикривајќи дека бил апсен и бил под истрага во Грција за кривично дело употреба на фалсификувани пари, како и за прикривање на лажен идентитет што во Грција го користел за неговите родители. Централната изборна комисија веднаш му го одзеде мандатот.