По Андреј Јакимовски, втор македонски младински и сениорски репрезентативец од идната сезона ќе настапува во колеџ-лигата на САД.
Кошаркарот на МЗТ Скопје 2, Лука Савичевиќ ја привршува процедурата со документите за наесен да отпатува на американскиот континент и таму да го продолжи своето кошаркарско усовршување.
Тинејџерот ќе биде член на кошаркарската екипа на UNCG – University North Carolina at Greensbor.
Ова секако ќе биде одлично за нашата кошарка, затоа што во колеџ-лигата во САД веќе го имаме Андреј Јакимовски, кој заедно со Савичевиќ се иднината на нашата репрезентација.