Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови кои остануваат до крајот на годината се:
За сите граѓани на РСМ
• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од католичка вероисповед
• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.