Европа и Азија ќе ги поврзува нов железнички тунел по различна маршута од тунелот „Мармарај“, кој е веќе во употреба една година.
„Братот на Мармарај“ , како што го нарекуваат турските медиуми е проект за метро со должина од 28 километри, кој ќе ги поврзува истанбулските населби Инџирли и Соѓутључешме.
Новиот железнички тунел под Босфорот треба да биде завршен до 2023 година, кога Турција ќе обележи сто години од основарњето.