Уште една бомба пронајдена во дворот на УКИМ

Полициските екипи утринава пронашле уште една експлозивна направа која не била активирана во дворот на УКИМ.

Помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски денес информираше дека по вчерашните две експлозии излезено е на лице место, при што оштетувања и повредени лица нема, а се пронајдени делови од eксплозивна направа во тревникот од паркот, кои се подигнати на натамошно вештачење

Експлозиите во паркот помеѓу Правен и Филолошки Факултет вчера биле пријавени од страна на Агенцијата за обезбедување на имот и лица кои го обезбедуваат Универзитетот.