Уште една мигрантска трагедија, се удави дете од Сирија

Дете од Сирија се удавило на плажа во јужна Грција откако претходно без знаење на родителите го напуштило бегалскиот камп, соопштија денеска грчките власти.

Грчкото Министерство за цивилна заштита соопшти дека детето имало две и пол години.

Детето се удавило вчера попладне, откако излегло од кампот во Андравида, во западниот дел на Пелопонез.