Воз кој сообраќал на релација Скопје – Солун синоќа удрил во група од тројца мигранти од Авганистан во близина на железничката станица во Илинден.
Еден од мигрантите се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен на скопските клиники.
Од МВР ја потврдија информацијата и информираат дека покрај 62-годишниот авганистанец кој е задржан на лекување, останатите двајца се префрлени во Прифатниот центар за странци во Гази Баба.
Екипи од СВР Скопје извршиле увид на местото на несреќата. Ова е втора железничка несреќа за 24 часа откако завчера во близина на Велес загинаа 14 бегалци од Сомалија и Авганистан.