
Возачот на „Фолксваген Голф“, дваесет и едногодишниот А.Х. се бори за живот по вчерашната сообраќајна несреќа, во која животот го загубија пет лица.
Во „Фиат-тофас“ со скопски регистерски таблици биле три лица кои загинале на лице место. Возачот Делшат И. (38) од Битола, 24-годишниот битолчанец Бесим Р. и 20 годишната девојка Ѓулшан Ф.
Покрај двајцата повредени од „Голфот“ во автомобилот имало уште двајца сопатници кои починале на местото на несреќата, малолетникот Зија А. (17) и 19-годишниот Афип Н., сите од крушевското село Алданци.