![azovstal-3-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/05/azovstal-3-750x430.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Уште речиси 500 цивили се евакуирани од Мариупол, откако започна операцијата предводена од Обединетите Нации (ОН), вклучувајќи и лица од опколената фабрика за челик „Азовстал“, јави Би-Би-Си.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак ја нарече евакуацијата „комплексна операција“ и нагласи дека Украина ќе продолжи да прави сè што може „за да ги спаси сите цивили и војската“.
Тој на Телеграм им се заблагодари на ОН.
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук најави дека евакуациите од Мариупол денеска ќе се фокусираат на оние кои се заглавени во фабриката „Азовстал“.