Во последните 24 часа регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19, а починале седум лица.
Новзаболени: Скопје – 110, Кавадарци и Кочани – по 9, Гевгелија – 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид – по 3, Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран – по 2, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 275 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Битола – 26, Прилеп – 24, Кавадарци – 22, Берово – 18, Струмица – 13, Кочани – 11, Тетово – 10, Велес – 7, Валандово – 6, Куманово, Неготино и Радовиш – по 5, Гевгелија – 4, Штип, Крива Паланка, Делчево, Кратово и Пехчево – по 3, Виница, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Свети Николе, Ресен, Дебар, Богданци и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (71г, 69г, 59г и 55г) и по едно починато лице од Велес (67г), Струмица (65г), Штип (77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Направени се 1.478 тестови преку: ИЈЗ-131, ЦЈЗ Скопје-26, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-82, Биотек-71, Систина-53, лабораторија Лаор-74, Синлаб-0, Ремедика-13, Плодност–34, Генеа-0, Никоб лаб-210, ВФВ Медикал-20, Ели Медика-17, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 653.
Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а бројот на активни случаи изнесува 5.707.