Уште тројца заболени од коронавирус во Македонија, вкупно 26

Состојбата со заболени од коронавируст во земјава до 12 часот е вкупно 26 лица, соопшти Министерството за здравство.

Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контролни тестови, кои го потврдија претходниот резултат.

Состојбата на сите други пациенти е стабилна.

Тројцата ново заболени пациенти се од Скопје, еден кој имал симптоми една недела, а неговите контакти се мапирани и сега се изработуваат тестовите на членовите на семејството на овој пациент, останатите двајца се сопружници кои што престојувале во странство, ова денеска преку прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче.

-Првиот пациент е сместен на клиниката, а сопружниците се се уште дома на домашно лекување и во текот на денот ќе бидат префрлени на инфективната клиника. Вчера утрово имаше уште една пациентка која дошла од Холандија, а денеска се направени сите контакти со патниците, вели Филипче.