Усик со победата над Џошуа стана светски шампион во бокс во тешка катергорија

Украинскиот боксер Олександр Усик го совлада Британецот Ентони Џошуа и ги обедини титулита во верзиите WBA (Super), IBF, WBO и IBO во тешка категорија.

Борбата за титула се одржа во арената на фудбалскиот клуб Тотенхем во Лондон ноќта кон неделата и траеше 12 рунди, по кои судиите едногласно го прогласија за победник 34-годишниот Украиниец. На поени Усик, според судиските одлуки, беше подобар со 117:112, 116:112, 115:113.

Усик досега ги доби сите 19 професионални борби, од кои 13 со накоаут. Претходно во аматерскиот бокс тој беше апсолутен светски шампион во тешка категорија. За Џошуа ова беше вториот пораз во кариерата, 31-годишниот Британец има 24 победи од кои 22 со нокаут.

Светски шампион во тешка категорија во WBC верзијата во моментов е Британецот Тајсон Фјури.

По борбата Усик изјави дека успешно ја спровел својата стратегија за мечот со Џошуа, кој пак се огласи на социјалните мрежи ги повика поддржувачите да го „одржат позитивното расположение“.