Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) во извештајот во четвртокот соопшти дека Израел убил илјадници Палестинци во Газа со тоа што им го ускратил пристапот до чиста вода, што според неа правно е чин на геноцид и истребување.
„Оваа политика, спроведена како дел од масовното убивање на палестинските цивили во Газа, значи дека израелските власти го извршиле злосторството на истребување, кое е во тек. Оваа политика, исто така, претставува ‘чин на геноцид’ според Конвенцијата за геноцид од 1948 година“, наведува во извештајот Human Rights Watch.
Израел постојано отфрла какво и да е обвинение за геноцид, велејќи дека го почитува меѓународното право и има право да се брани по прекуграничниот напад на Хамас од Газа на 7 октомври 2023 година, кој ја предизвика војната.
Иако во извештајот уксратувањето на пристапот до водата за пиење се опишува како чин на геноцид, се напоменува дека докажувањето на злосторството геноцид врз израелските официјални лица, исто така, ќе бара утврдување на нивнните намери. Цитирани се изјави на некои високи израелски функционери за кои се наведува дека сугерраат дека „сакаат да ги уништат Палестинците“, што значи дека ускратувањето на вода „може да биде кривично дело геноцид“.
„Откривме дека израелската влада намерно убива Палестинци во Газа со тоа што им ја ускратува водата што им е потребна за да преживеат“, рече на прес-конференција Лама Факих, директор на Human Rights Watcha за Блискиот исток.
HRW е втората голема организација за заштита на човековите права за еден која го гористи терминот „геноцид’ за да ги опише акциите на Израел во Газа, откако Amnesty International објави извештај во кој заклучува дека Израел извршил геноцид.
Двата извештаи дојдоа само неколку семици откако Меѓународниот кривичен суд (МКС – ICC) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен шеф на одбраната јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото. Двајцата ги негираат обвиненијата.
Конвенцијата за геноцид од 1948 година, усвоена по масовните убиства на Евреите во холокаустот на нацистичка Германија, го дефинира злосторството геноцид како „акти извршени со намера да се уништат, целосно или делумно, национална, етничка, расна или религиозна група“.
Во извештајот на Human Rights Watcha од 184 страници се вели дека израелската влада го прекинала снабдувањето со вода во Газа и ја исклучила електричната енергија и ги ограничила горивата, што значи дека сопствените водоводни и санитарни капацитети во Газа не можат да се користат.
Како резултат на тоа, Палестинците во Газа имаа пристап до само неколку литри вода дневно во многу области, далеку под прагот од 15 литри за преживување, истакнува HRW.