Услови за користење

Прифаќање на условите за користење на www.netpress.com.mk

Со пристапот на интернет страницата www.netpress.com.mk  ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата www.netpress.com.mk

Новинската интернет агенција го задржува правото без најава да ги изменува и дополнува овие услови.

 

Право на користење

Посетителите на интернет страниците на новинската агенција www.netpress.com.mk  имаат право на увид во сите објавени содржини со помош на своите интернет пребарувачи само за лично информирање.

Посетителите на интернет страницата www.netpress.com.mk немаат право на никаков начин да ги преземаат содржините, целосно или делумно, и да ги отстапуваат на трети лица,  да ги складираат во електронска или каква и да е друга форма, ниту јавно да ги објавуваат или да ги користат за комерцијални цели, без писмена согласност од агенцијата Нет Прес.

Секое преземање на содржините на www.netpress.com.mk , односно нивно користење, без писмена согласност од страна на Нет Прес е недозволиво и се наплатува.

Цените за преземање на содржините на www.netpress.com.mk  изнесуваат:

 

·        20.000,00 денари (+ДДВ) за текст, артикл, статија;

·        20.000,00 денари (+ДДВ) за видео;

·        9.000,00 денари (+ДДВ) за фотографија.

Со самото објавување/преземање, оној што неовластено ќе ја објави содржината се согласува со овие услови и се согласува, покрај граѓанска одговорност за стореното дејство, да му се изврши наплата на преземената содржина согласно горенаведениот ценовник.

Точност на содржините

Содржината на интернет страницатa www.netpress.com.mk e изработена  во согласност со професионалните новинарски и технички стандарди на независната новинска агенција Нет Прес и не е одговорна за евентуални директни или индиректни последици од употребата на тие содржини.

Заштита на авторските и сродни права

Информативните содржини на интернет страницата www.netpress.com.mk се дел од базата на податоци на Нет Прес. Таа база од податоци е сопственост на Нет Прес и е во согласност со Законот за заштита на авторски и сродни права и е заштитена како самостојно авторско дело.

Интернет страницата www.netpress.com.mk содржи заштитени жигови, знаци и називи на друштвото, вклучително и логото и името Нет Прес.

Заштита на приватноста и тајност на податоците

Интернет страницата www.netpress.com.mk  ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се дотапни за трети лица, освен во случаи поинаку пропишани со закон.