4.8 C
Skopje
вторник, ноември 12, 2024

Условна казна од две години затвор за сопственичката на „Диамед“

Сопственичката на „Диамед“ Вера Иванова денеска во Кривичниот суд беше прогласена за виновна дека сторила кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари за центрите за дијализа „Диамед“, и доби условна казна од две години затвор.

-За кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, Судот утврди казна затвор од една година и три месеци, и за кривичното дело перење пари – една година и три месеци затвор. Согласно 44 од КД од сторените кривични дела, на обвинетата и утврдува единствена казна затвор од две години, па согласно одредбите од членовите 48, 42 и 50, единствена казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку обвинетата во рок од пет години сметано од денот на пресудата, не стори ново кривично дело, наведе во изречувањето на пресудата судијата Илија Трпков.

Иванова беше обвинета дека како управител со умисла и на незаконски начин, продавајќи ја фирмата и без да го извести Министерството за здравство, ја предала лиценцата на шведски „Диаверум“.

Таа се товари за злоупотреба на службената положба и за перење пари во вкупен износ од 11 милиони и 500 илјади евра.

Процесот започна во септември 2021 година, а судењето го водеше судијата Илија Трпков.