![kim-gq-naslovna](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/06/kim-gq-naslovna.jpg?resize=640%2C454&ssl=1)
Ким Кардашиан гордо тврди дека по раѓањето на синот Сејнт успеа да се доведе речиси до совршенство, а облините по кои што е позната и понатаму се тука.
Ким се колне во Аткинсовата диета, а освен што се придржува до строгиот режим на исхрана што не дозволува повеќе од 1.800 калории дневно, напорно вежба во теретана и веќе успеа да загуби над 30 килограми.
Сега наводно има помалку од 60 килограми, а еве што јаде и како изгледа нејзиното дневно мени:
Хидратација: Од 1, 5 до 2 литри вода
Ден 1
Појадок: Омлет со мисиркино месо и чадена гауда;
- 120 мл грчки јогурт со 1/3 филџан боровница
Ужина: Бонжита со темно чоколадо и житарки од програмата Аткинс
Ручек: Пилешко на скара со спанаќ и прелив од фета сирење - Ужина: 1 среден морков и 4 лажици хумус
- Вечера: риба со лимон и жалфија и динстана боранија
Вкупно: 1.504 калории
Ден 2
- Појадок: Печиво со пилешко и сончоглед со салса и сирење
Ужина: Половина помало јаболко - 60 грама чедар сирење
- Ручек: Мисиркин бургер со ајоли, домат, краставици и кромид
- Ужина: Карамелна чоколада на Аткинсон
Вечера: Печено пилешко со рузмарин и лимон со шпаргла на скара - 1/3 филџан интегрален ориз
Вкупно калории: 1.561
Ден 3
- Појадок: Јајце на око со рукола, печени зелени пиперки
1/8 диња - Ужина: Фрапе од ванила
Ручек: тестенина од тиквички со лут пилешки колбас
Ужина: Аткинсово чоколадо со ванила, овошје и житарки - Вечера: Пилешко на скара со карфиол, макарони и сирење
Вкупно калории: 1.699