„Успение на Пресвета Богородица“, 28 август, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.