Успешната кариера е смрт за љубовта!

Француско истражување направено неодамна, открива дека речиси една третина од вработените  сметаат дека работата им ја „убива врската“.

Една француска шансона вели дека „Работата е премногу тешка“, а тоа изгледа дека не важи само за здравјето, туку и за љубовта. Работата предизвикува стрес, незадоволство, нервоза, умор, а тоа не се поволни состојки за квалитетна врска или брак.

Поради својата работа имаме помалку слободно време, а и повеќе се караме со партнерот, навеле 29 отсто од учесниците во истражувањето. Дури кај седум отсто од мажите и жените, кариерата била причина за развод или раскинување на врска.

Сепак 56 отсто од испитаниците одговориле дека успеваат да ја оделат работата од односот со партнерот, а 15 отсто се изјасниле дека се подготвени да ја сменат работата за да ја спасат врската.