Успешно изведена операција врз Хмирова, ќе отсуствува четири месеци

Ракометарката на ЖРК Вардар, Татјана Хмирова, имаше успешна операција на рамото. Операцијата беше изведена во Хрватска, а според најавите Хмирова ќе отсуствува околу четири месеци, бидејќи за ваквиот тип на повреди треба подолг период на рехабилитација.

Иако и следува подолга пауза, Хмирова се надева дека ќе биде подготвена за вториот дел од сезоната, кога на програмата ќе бидат елиминационите натпревари.

Покрај Хмирова, Вардар остана и без Алисон Пино, која поради операција на коленото ќе отсуствува најмалку три месеци, и исто како и Хмирова, ќе ги пропушти натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите.

Новата сезона во најелитното натпреварување започнува во викендов, а Вардар првиот натпревар ќе го игра на гости, кај Будуќност во Подгорица.