Успешно одржано првото летно винско дружење „Summer Wine 2021 Skopje“

На 4-ти Јули 2021, со чашка полна допадливи ароми и освежителни овошни вкусови, гостите и учесниците на настанот „Летно вино“ го започнаа овогодишното винското лето. Во прекрасна атмосфера на терасата на ресторан Воденица-Мулино се претставија следните македонски винарии: Стоби, Тиквеш, Бовин, Камник, Лазар, Шато Сопот, Подрум Попови, Венец, Сковин, Попов, Пуклавец Македонија и Брзанов.  Посетителите исто така имаа можност да ги вкусат и вината на винаријата Звонко Богдан од Србија, словенечките вина од Пуклавец Фемили Вајнс, италијанските вина на увозникот Винум-МКД, како и француските вина од Шато де Гурдон на винаријата Тиквеш. Вината ја следееа и внимателно одбраната храна од спонзорите Тинекс деликатесен и Рудине во соработка со реномираниот ресторан Воденица-Мулино, додека за рехидрирање на посетителите се погрижи Горска со своите производи.

Во склоп на настанот, организаторот Македонската асоцијација на Сомелиери – МАСОМ додели сертификати на 20 кандидати кои успешно го положија првото ниво од сомелиерските обуки.

„Во светот на вината, нашиот вински регион го препознаваат по црвените вина, но тоа е само една страна од медалот. Повардарието, нашата винска артерија има и друга страна, мирните бели и розе вина, како и пенливите. Се надеваме дека со овој настан успеавме да ја откриеме и втората страна на медалот кој се повеќе почнува да блеска.“ – изјавија од МАСОМ.

Дел од атмосферата на настанот:

http://www.masom.net/gallery-summer-wine.html