Холивуд во Македонија? Колку и да звучи невозможно, екипата која стои позади реализацијата на новиот видео спот за песната „Ремек дело“ на ЛАРА, со сцени како од холивудски филм, потврди дека сеуште постои македонска модерна музика. Младата и талентирана Лара, и нејзината нова песна „Ремек дело“ проект на ЛАРА, Дарко Димитров и Робин Зимбаков доби видео-спот за кој со сигурност ќе потврдите дека може да се мери со светските музички проекти.
Фузијата на сексапил и уметност, преку брзата промена на кадри и секогаш присутниот фактор на изненадување, го карактеризира овој видео-спот – дело на Ѓорѓи Вацев, како Светски продукт, а во кој ЛАРА уште еднаш го потврди статусот на една од најдобрите млади поп ѕвезди која и овојпат има нов хит. Заедно со училиштето за хип хоп и модерни танци „Break a leg“, кореографија на Миа Ристевска, во видео спотот Лара ја истакна и нејзината танцова способност која мора да признаеме дека е на врвно ниво.
Песната има моќ да ве подигне, да ве натера да танцувате и да се препуштите на убавината на звуците. Текстот, како и досега во песните на Лара, е збир од стихови кои креираат содржина достојна за паметење навек, а овојпат и зачинет со нејзин удел.
Потписот за стилот на младата пејачка и нејзиното друштво е на Викторија Бурсак која креираше модерен летен микс од брендови и бои, а за шминка беше задолжен Даниел Николовски.
Уживајте во новата музичка видео приказна и почувствувајте го тој холивудски „вајб“.