![Kazan nuclear-powered attack submarine launched in Severodvinsk](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/5906623.jpg?resize=696%2C444&ssl=1)
Најновата руска нуклеарна подморница „Казањ“ беше успешно тестирана и ја погоди целта во Белото Море со противбродска крстосувачка ракета „Оникс“, соопшти руската Северна флота.
Ракетната стрелба била реализирано од полигонот за борбена обука на Северната флота во водите на Белото Море, како дел од новата фаза на тестирање што започна на крајот на минатата седмица.
Се посочува дека подморницата успешно реализирала две пробни гаѓања во ноември, првиот пат со крстосувачката ракета „Калибар“ која ја погоди крајбрежната цел, а вториот пат со крстосувачката ракета „Оникс“ која ја погоди целта во море.
Проектирањето на нуклеарната подморница „Казањ“ започна на 24-ти јули 2009 година, а беше лансирана на 31-ви март 2017 година.
Главно оружје на подморниците „Казањ“ се ракетите „Калибар-ПЛ“ и „Оникс“.