Во просториите на Општина Гази Баба, беа доделени 141 сертификат на учесниците, кои успешно ги завршија обуките, организирани од Центарот за жени претприемачи во соработка со Општината.
Сертификатите ги поделија градоначалникот Тони Трајковски, претседателот на Советот Милан Андоновски и претседателката на Центарот за жени претприемачи, Виолета Манчева.
Обуките беа спроведени во периодот од септември до декември 2013 година и беа организирани на неколку локации на територијата на општина Гази Баба, во населбата Железара, населеното место Стајковци, Јурумлери и во просториите на општината.
На обуките – жена и фармер претприемач, од областа на ИТ технологијата со основните пакети како Word, Exel, internet и обуките од областа на вработувањето имаше голем одзив од граѓаните од општината, кои ќе им овозможат дополнителни знаења и бенефит во иднина.