Со седум гласови „против“ и два „за“, Уставниот суд одлучи дека нема уставни пречки во постапката за распишување на референдумот за 30 септември.
Судијата известител Елена Гошева претходно предложи да се поведе постапка за одлуката за распишување референдум и да се изрече времена мерка и запирање на сите активности на извесен период.
Гошева ова го аргументирала со тоа дека референдумското прашање е двосмислено, нејасно, содржи 8 можни одговори. Таа смета дека тербало да се постават три прашања на референдумот, а не едно. Гошева смета дека министерто за надворешни Никола Димитров, немал право да склучи ваков договорот со Грција, бидејќи како што рече, тој е ништовен и не е влезен во правниот поредок. Судијата Дарко Костадиновски пак рече дека одлуката на Собранието за одржување на референдумот, имала недостатоци, но тоа не ја прави неуставна.
Воведување на времени мерки, значи прекинување на сите подготовки за спроведување на референдумот, активностите на ДИК, на Владата, на Собранието и целата кампања.
Подносителите сметаа дека одлуката за референдумот не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија. Тие бараа Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.