Уставен укина законска одредба, платите на функционерите ќе им се зголемат до 78 отсто!

Уставниот суд укина законска удредба со што платите и на судиите и на другите функционери ќе се зголемат и до 78 отсто. Со одлуката за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци, уставните судии, премиерот, претседателот, собранискиот спикер, но и сите вршители на јавни функции добиваат можност да зимаат речиси и двојно повисока.
Од Синдикатот на управа, правосудни органи и здруженија на граѓани, УПОЗ, регираат дека, просечната бруто плата за 2022 година е 47.700 денари. Кога ќе се помножи со коефицентот од член 12 од истиот закон, а почнуваат од 2.20 до 4.50, значи пресметано во денари или во евра, пратседателот, собранискиот спикер и премиерот ќе имаат плата од 2500 евра, министрите околу 1800 евра, другите фукнционери и судиите околу 1600 евра.
„Јас грубо пресметувам, а такво енормно покачување на платата никогаш сме немале во државата. Не знам дали тоа е намерно направено. Вака делува дека се заобиколуваат сите законски процедури за да изменат односно укинат одредени законски одредби. Уставниот суд ги укинува баш оние законски одредби кои беа донесени во 2009/2010 година со кои се ограничуваа платите на функционерите“, вели Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.
Во обрзложението на одлуката која ја донел Уставниот суд на 21-ви март, по претставка поднесена од адвокат, се вели дека со укинување на одредбите се отстранува неконзистентост во законите зашто имало двојни одреби кои уредувале исто прашање.
„Уставниот суд не е орган кој одлучува за зголемување или намалување на плата, или одредување проценти и пресметки туку единствено оценува уставност на оспорени одредби, па согласно ова, погрешно е и неосновано тврдењето дека со своја одлука Судот зголемил или намалил плати на именуваните и избраните лица, за што неспорно е надлежно Собранието преку донесување закон, каков што е впрочем законот во кој беа содржани укинатите одредби“ велат од Уставниот суд.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска изјави дека не бил запознаен со ваквата одлука на Уставниот суд, но дека секако ќе се почитува.
„Секако, не можеме да не почитуваме одлука на Уставниот суд, јас сум еден од тие кој се залага дека владеењето на право е неприкосновено“ вели Битиќи.