Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има, уверуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има, во недосстиг од реални проекти СДСМ и ДУИ се како расипана грамофонска плоча со уставните измени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Шест ипол години нема ниту еден поголем проект. Шест ипол години Македонија само тоне во сиромаштија, половина милион луѓе живеат со по 150 денари на ден, а власта која не нуди иднина, влегува од национална отстапка во национална отстапка.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дециден и тој нема да се промени, уставни измени нема да има. СДС и ДУИ зборуваа за хрватски Устав, кога рековме истиот како модел да се преслика, тие ретерираа, се виде колку се Европејци. На виделина излегоа сите лаги и клевети, се виде која е целта.

Уставни измени не може да се носат без консензус на македонскиот народ, консензус нема“, додаваат од партијата.