Уставниот суд ја отфрлија иницијативата на Левица за разрешувањето на Фадил Зендели

Уставните судии ја отфрлија иницијативата за разрешувањето на Фадил Зендели од член на Комисијата за избори и именувања, поднесена од политичката партија Левица.

„Одлуката нема карактер на пропис и не може да биде предмет на уставно-судска оцена“ стои во образложението на Уставниот суд.

Во него се вели дека од содржината на оспорената одлука произлегува дека со неа се врши конкретно разрешување на Фадил Зендели од член на Комисијата за избори и именувања, што претставува одлука што по својата содржина е поединечен акт, а не пропис и не може да подлежи на оценка нејзината уставност.

Власта го разреши Фадил Зендели на собраниска седница, откако БЕСА ја „смени страната“ и со Зендели опозицијата имаше мнозинство во Комисијата.