Уставниот суд го укина „балансерот“

На денeшната седница Уставниот суд го укина „балансерот“, алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

Уште минатиот месец Уставниот суд реши да поведе постапка за неколку члена во два законa и правилници суспендирајќи ги истите додека трае постапката.

Уставните судии пред две недели ја почнаа постапката за преиспитување на уставноста на балансерот, со што донесоа времена мерка за замрзнување на неколку одредби – од Законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници, правилникот за задолжителни елементи во јавните огласи, за формата и содржината на регистарот на вработени, како и методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор.