Уставниот суд во моментот разгледува неколку иницијативи, а поднесени за оценување на уставноста на неколку Уредби на Владата кои беа донесени за време на вонредната состојба.
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. – Уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.94/2020); и
– Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.97/2020)
Реферат У.бр.49/2020
2. Уредба со законска сила за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.79/2020)
Реферат У.бр.46/2020
3. – Уредба со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 97/2020), и
-Уредба со законска сила за дoполнување на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 100/2020).
Реферат У.бр.44/2020 и У.бр.50/2020
4. Уредба со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривилни дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на коминикациите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020).
Реферат У.бр.45/2020
5. Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020).
Реферат У.бр.47/2020
6. Уредба со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.95/2020 и 97/2020).
Реферат У.бр.48/2020