Уставните промени не се најдоа на владина седница, службите не ги подготвиле

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека 15 дена не им биле доволни на службите во Владата да ги подготват уставните измени составени од точно 12 збора. Тој тврди дека тоа е причината поради која иако беше најавено, предлог иницијативата за промена на Уставот денеска не се најде на закажаната владина седница.

Ковачевски деновиве изјави дека очекува работните групи да се усогласат околу поддршката на уставните измени но такви сигнали не доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, дури обвинуваат дека се можни притисоци врз пратеници за измените на Уставот. Ковачевски отфрла било каква можност за притисоци и  рече дека очекува сите услови кои биле договорени на лидерската средба да се почитуваат.

– Изрази желба да биде дел од Владата каде што од моја страна беше понудено да биде братски половина – половина министерски места бараше ДУИ да не биде дел од Владата и на прес-конференција прифати со соопштение, па дури и Алијанса кажа дека нема да биде и Беса нема да биде, тоа значи дека му се ослободуваат на ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе министерски места и заедно да ја донесеме одлуката да го довршиме процесот на уставни измени, процесот на скрининг да отвориме барем две поглавја, односно да затвориме две поглавја бидејќи мислам дека сме подготвени за такво нешто од првиот кластер Фундаменталс и потоа да може да се оди на избори – рече премиерот.