
Сопственикот на англискиот премиерлигаш Лестер Сити, таландскиот милијардер Вишај Шриваданапхадра, бил меѓу петте лица во хеликоптерот кои се урна и експлидраше во саботата вечерта по првенствениот натпревар, велат извори блиски на клубот во неделата вечерта.
Во хеликоптерот имало уште два пилота и лице чијшто идентите засега не е познат, изјави изворот во недеалта. Истиот соговорник рекол дека во леталото имало и петто лица. Нема потврда кој од нив преживеал, додал.
Лестерската полиција соопшти дека ја продолжува истрагата за несреќата. Според очевидци, хеликоптерот имал проблеми со задниот ротор и почнал да се врти во круг веднаш штом се дигнал над стадиониот, а потоа се урнал и се запалил.
Вишај, татко на четири деца и основач на синџирот бесцарински продавници „ King Power International“, беше имилен меѓу навувачите на клубот кој го купи во 2010 година а во 2016 година го доведе и до титулата. Стотици навивачи на Лестер во неделата положуваат цвеќе, фудбалски дресови и шалови со клупските бои, одавајќи му почест на Вишај.
„Вложи во клубот многу пари. Го спаси од финансиски крај, вложи пари, го изгради тимот и ја освои титулата“, вели 68-годишниот навивач Ричард Мобс за агенцијата Reuters.
Магазинот Forbes го стави Вишај Шриваданапхадра на петтото место на најбогатите луѓе во Талјанд, проценувајќи го неговиот имот на 4,9 милијарди американски долари.