
Партиите, коалициите и независните кандидати денеска низ повеќе градови и населени места ја продолжуваат кампањата за претстојните локални избори на 15-ти октомври.
Денешните активности коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе ги почне со средби со граѓани во Кратово и Карбинци, а вечер ќе одржи митинзи во Пробиштип и Штип.
Карванот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓани во Илинден и Чашка, а вечерните митинзи се закажани во Аердром и Велес.
Демократската унија за интеграција ќе одржи средба со граѓани во Тетово.
Движењето „БЕСА“ пак организира средба со граѓани во Гостивар.
Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши на 13-ти октомври во 24 часот.
Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15-ти октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29-ти октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27-ми октомври во 24 часот.