Уште два напада од кучиња во Скопје, маж искасан од шарпланинец

Во четвртокот во скопската полиција пријавени се два нови напада од кучиња, во кои се повредени жена и маж на кои им е пружена медицинска помош, инфромрираше во петокот министерството за внатрешни работи.

ж

Во Полициската станица Центар, 54-годишна скопјана во четвртокот пријавила дека претходниот ден околу 14,30 часот на улицата Јужен Булевар, во централното градско подрачје,  била нападната од куче скитник, кое ја каснало во пределот на левата надколеница.

Истиот дена околу 17,40 часот 49-годишен маж од Скопје пријавил дека на улицата „Тиранска“, во населбата Ѓорче Петров, бил нападнат од куче од расата шарпланинец, при што бил изгризан по телото, поточно стомакот, нозете и раката. По нападот му бил апружена медицинска помош во Ургентен центар-Скопје.