Британскиот државен министер за универзитетите и наука, Сем Џијма поднесе оставка поради несогласување со планот на премиерката Тереза Меј за Брегзит.
Џијма е шестиот министер од Кабинетот на Меј кој поднесе оставка заради догвоорот за Брегзит. Тој нагласи на Твитер дека нема да го поддржи договорот при гласањето во Парламентот на 11 декември.
Тој договор не ги штити националните интереси на Велика Британија, напиша Џијма на Фејсбук. Тоа значи дека Велика Британија го губи својот глас и право на вето, додаде тој. Според него, Меј не треба да исклучува можност за втор референдум за членството на Велика Британија во ЕУ.