Уште еден командант на ОНА падна во Дивa населба

Уште еден командант на ОНА падна во рацете на полицијата по денешната акција на МВР за разбивање на јатаците на терористичката група во Диво Населба.

Како што пишува порталот „Курир“ повикувајќи се на полициски извори, меѓу приведените е и Ибрахим Муртезани, во јавноста познат и како Командант Арачиново.

komandant-arachinovo-1

И овој командант на ОНА како и останатите се сомничи за соработка и помагање на терористичката група која делуваше во кумановскиот регион.

Исто така меѓу приведените е и Рагми Љатифи од селото Отља за кој има информации дека му бил заменик на командант Малишева кој се сметаше за предводник на терористичката група во Куманово.

Во Дива Населба, во акцијата што се случи во мај годинава, специјалците на МВР убија 10, а уапсија 28 припадници на терористичката група, во акцијата на МВР беа убиени и 8 специјалци.

Повеќе за денешната акција на МВР, на следниот линк.