Уште една жена го обвини поранешниот демократски потпретседател на САД, Џозеф Бајден, дека непримерно ја допирал, точно во време додека тој ја разгледува можноста да се кандидира на следните претседателски избори во 2020 година.
Четириесет и тригодишната Ејми Лапос за весникот Hartford Courant од сојузната држава Конектиката во понеделникот рекла дека Џо Бајден го „триел својот нос од нејзиниот“ во текот на хуманитарна акција во 2009 година во градот Гринич.
„Не беше сексуално, но ме зграби за главата. Ги ставио своите раце околу мојот врат и ме повлече близу да ги триеме носевите. Кога ме повлече, мислев дека ќе ме бакне в уста“, рекла Лапос.
Жената, тогаш помошничка на конгресменот Џим Хајмс, рекла дека не го пријавила Бајден, бидејќи „тој беше потпретседател, а јас бев ништо“. „Постои линија на пристојноста. Постои линија на почитувањето. Тоа не е културнот. Тоа е сексизам или омраза кон жените“, додала Лапос.
Нејзиното обвинување доаѓа само три дена откако Луси Флорес, проанешна советничка во сојузната држава Невада, изјави дека во 2014 година кога таа била кандидат од Демократската партија за вицегувернер на сојузната држава пред митингот во Лас Вегас Бајден неочекувано додека излегувале на бината ѝ пришол одзад, ја ставил раката на грбот и ја банкал во тилот.
Бајден во својот одговор рече дека е убеден дека „никогаш“ не се однесувал непристојно. „Долги години од јавниот живот и кампањи, понудив неброени ракувања, прегратки, изрази на внимание, поддршка и утеха. И ниту еднаш, кога и да е, верувам, не се понесов непристојно“, рече Бајден.
Овој 76-годишен ветеран кој осум години беше потпретседател во администрацијата на претседателот Барак Обама и 36 години во американскиот Сенат, сѐ уште не потврди дали ќе се кандидира за номинацијата на Демократската партија за претседателските избори во 2020 година.