![katica-fatime-107809](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/katica-fatime-107809.jpg?resize=640%2C357&ssl=1)
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најави дека истрагата за „Друмарина“, која се води за Силвана Бонева, може да се прошири за уште еден пратеник, но, не го откри неговото име.
Според истрагата на СЈО, Бонева во период од 25-ти јуни 2011 година до 16 декември 2015 година, до службите на Собранието поднела лажни фискални сметки од патарини за присуство на седници во парламентот. Според доказите, Бонева имала сместување во Скопје и ги лажирала патувањата.
Според истрагата, Бонева доставила сметки од патарини за 843 патувања со своето возило, на релација помеѓу местото на живеење во Струмица и Скопје. На овој начин, Бонева прибавила против правна имотна корист во износ од 100.000 евра.
Јанева најави и проширување на истрагата за случајот „Странски служби“.